Можно доаѓање на Зеленски во ОН во февруари

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски има намера да ги посети Обединетите нации во февруари, доколку тоа го дозволи безбедносната ситуација.

Loading...

Зеленски ќе им се обрати на претставниците на 193 земји-членки на состанокот на Генералното собрание на ОН, во пресрет на првата годишнина од рускиот напад врз неговата земја на 24 февруари, доколку безбедносната ситуација го дозволи тоа, изјави Министерството за надворешни работи на Украина. објави.

Украинската заменик-министерка за надворешни работи Емина Јапарова во интервју за АП предупреди дека се потребни многу фактори за оваа посета да стане реалност, наведувајќи ја пред се воената ситуација на теренот и предупредувањето на украинската разузнавачка служба дека Русија планира „многу сериозна офанзива во февруари“.

„Нашиот претседател би сакал да дојде, но сѐ уште постои прашање дали ќе има безбедносни услови што ќе му овозможат да ја оствари оваа посета“, нагласи Јапарова.

Доколку Зеленски дојде во ОН, тоа ќе биде негово второ патување надвор од Украина од почетокот на војната, откако на 21 декември дојде во ненадејна посета на Вашингтон и се сретна со американскиот претседател Џозеф Бајден и членовите на Конгресот, на кои им се заблагодари за нивната поддршка, пренесува АП.

Амбасадорот на Украина во ОН, Сергиј Кислица, најави дека Генералното собрание веќе закажало дебата на високо ниво за војната за 23 февруари, по што еден ден подоцна ќе следи министерски состанок на Советот за безбедност.

Јапарова рече дека Украина би сакала Генералното собрание на ОН да усвои една од двете резолуции за кои Зеленски се залага да биде прифатена пред годишнината од почетокот на војната.

Таа најави дека Киев се консултира со своите партнери за две мерки. Едната е поддршката за „формулата за мир“ на Зеленски од 10 точки, која вклучува враќање на територијалниот интегритет на Украина и повлекување на руските сили, а другата е формирање на Трибунал за воени злосторства, што би и овозможило, според неа, Москва да одговара за својата неиспровоцирана агресија.

Loading...

„Мораме да дејствуваме чекор по чекор. Прашањето е што ќе биде прво. Верувам дека тоа е нешто што ќе го знаеме многу брзо, во следните недела-две“, изјави украинскиот функционер.

Кон крајот на декември минатата година, украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави за АП дека Киев сака „мирен“ самит до крајот на февруари во Обединетите нации, со генералниот секретар Антонио Гутереш како посредник, но тој не изрази очекувања дека Русија би го прифатил.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.