Украинската армија објави дека истрелала проектил врз група руски војници во Соледар, при што загинале повеќе од стотина од нив, пишува Киев Индипендент.
Да потсетиме, шефот на платеничката група Вагнер, Евгениј Пригожин вчера изјави дека Соледар е целосно ослободен и дека загинале 500 украински војници.
Во изјавата која целосно се спротивставува на онаа дадена од украинскиот претседател само неколку минути претходно, Пригожин тврди дека неговите сили целосно го ослободиле рударскиот град.
„Загинаа околу 500 украински војници. Целиот град е покриен со трупови на украински војници“, рече Пригожин.
Од Украина велат дека борбите во тој град сѐ уште траат.
Понад сотню російських окупантів ліквідовано в районі Соледару.
Це сталося завдяки злагодженій роботі воїнів Сил спеціальних операцій, артилеристів та ракетників. pic.twitter.com/8t4SQMtn3P
— Генеральний штаб ЗСУ (@GeneralStaffUA) January 12, 2023
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.