Најмалку едно лице загина денеска во руски ракетен напад во Киев, во областа Соломјан, а уште тројца се ранети, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.
Во Соломјан, југозападно од Киев, најмалку три жени се пренесени во болница, рече Кличко, пренесува Гардијан.
Според заменик-началникот на кабинетот на украинскиот претседател Кирил Тимошенко, проектилите ги погодиле хотелот и куќата.
Кличко рече дека во руските напади биле погодени и областите Печерск и Холосиевск, во централниот и западниот дел на Киев.
Неколку области ја исклучија струјата како мерка на претпазливост пред денешните руски ракетни напади, а погодени беа и градовите Хмелницки и Запорожје, како и регионот Харков.
Медиумите претходно објавија дека денеска во Киев се слушнале 10 експлозии, додека во цела Украина е на сила тревога за воздушен сообраќај.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.