Украина: Ги соборивме сите 16 руски дронови

Сподели со своите пријатели

Командата на воздухопловните сили на вооружените сили на Украина соопшти дека утринава ги соборила сите 16 дронови камикази и додаде дека леталата дошле од југоисток и север.

Граѓаните на Киев рано утринава беа принудени да се засолнат откако се огласија сирените за воздушен напад, еден ден откако Русија изврши тешки воздушни напади, пренесува Ројтерс.

Нешто по 02:00 часот по локално време, градската управа на Киев објави предупредување на Телеграм за активирање на сирените и ги повика жителите да се засолнат.

Гувернерот на регионот Киев, Олексиј Кулеба, на Телеграм изјави дека руските сили користеле ирански беспилотни летала во нападот, пренесе Униан.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Песков: САД ѝ ги предадоа на Русија параметрите на мировниот план

Очевидец за Ројтерс изјави дека слушнал неколку експлозии и противавионски оган на 20 километри јужно од Киев.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.