Новата година ќе започне со пролетни температури

Сподели со своите пријатели

Променливо облачно, претпладне по одделни котлини и особено вдолж Повардарието ќе има појава на магла или ниска облачност.

Loading...

Од пладневните часови облачноста ќе се намали, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб јужен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 14 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се спушти еден степен под нулата, а максималната дневна ќе достигне девет степени целзиусови.

Loading...

 

 

Какво ќе биде времето до крајот на годината?

Утре во кумановско ќе имаме исто така сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а температурата ќе се движи од -2 степени во утринските часови до максимални осум во текот на денот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Прекин на улично осветлување во дел од центарот на Куманово

 

 

Последниот ден од 2022 година во кумановско ќе имаме сончево и невообичаено топло време со мала облачност.

Loading...

Ќе дува слаб ветер од северен, односно северозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу нулата, додека максималната дневна се очекува да достигне 11 степени целзиусови.

 

 

Новата година ќе ја дочекаме на точно нула степени.

Пролетни температури на почетокот на 2023та

Прилично невообичаено топло ќе биде на првиот ден од 2023 година кога нѐ очекува сончево време со температури од -1 во утринските часови до максимални 12 степени во текот на денот.

 

Loading...

 

Понеделник носи исто така сончево и топло време. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, односно југоисточен правец.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Денеска ветер и до 60 километри на час, температурата во опаѓање

Утринската температура ќе се движи околу нулата, а дневниот максимум до пријатни 12 степени.

 

 

Loading...

Вторник носи исто така сончево, но уште потопло време кога дневниот максимум ќе се искачи до 13 степени целзиусови.

 

 

Засега нема на повидок снег оваа зима, одредени најави прогнозите даваат од 18ти јануари, но толку долгорочни прогнози често знаат да бидат и неточни.

Loading...

 

Никола Ивановски