Во Киев и Херсон тревога за воздушен напад

Сподели со своите пријатели

Околу 6:00 часот се огласи аларм за воздушен напад во главниот град на Украина, Киев, како и во јужните региони Херсон и Миколаев и во западниот регион Житомир.

Loading...

„Во главниот град е прогласена тревога! Одете во засолништето!“, објави градската воена управа на Киев на Телеграма.

Во моментов постои „закана од масовен ракетен напад“ врз Украина, изјави гувернерот на Житомирската област Виталиј Бунечко на Телеграма.

Некои медиуми јавуваат дека руски ракети навлегле во украинскиот воздушен простор.

Засега нема потврдени напади.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.