Мелони го покани Зеленски во Рим и најави дека наскоро ќе го посети Киев

Сподели со своите пријатели

Италијанскиот премиер Џорџа Мелони го покани украинскиот претседател Володимир Зеленски во Рим и ја потврди својата намера наскоро да го посети Киев.

Loading...

Во телефонскиот разговор со украинскиот претседател, Мелони ја повторил целосната поддршка на италијанската влада за Украина во политичка, воена, економска и хуманитарна смисла, во однос на обновувањето на енергетската инфраструктура, како и идното обновување на Украина воопшто.

Во соопштението на италијанската влада, исто така, се наведува дека Мелони ја повторил највисоката посветеност на Италија на сите иницијативи за да помогне да се постигне праведен мир за украинскиот народ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Калас: „ЕУ е подготвена да ја води воената помош за Украина доколку САД одбијат“

Зеленски ја доби поканата да го посети Рим по минатонеделната посета на САД, што е негово прво патување во странство од почетокот на војната во Украина.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.