Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека сè уште постои недостиг на електрична енергија, а речиси девет милиони луѓе се оставени без струја.
Зеленски во видео-обраќање во текот на ноќта рече дека работниците што ја поправале мрежата по повторените руски напади повторно поврзале многу луѓе за време на Божиќ, но дека проблемите остануваат, објави Ројтерс.
– Се разбира, недостиг се уште постојат. Ограничувањата продолжуваат – рече тој.
– Ситуацијата вечерва во различни региони на Украина е дека речиси девет милиони луѓе се без струја. Но, бројот и должината на ограничувањата постепено се намалуваат – истакна Зеленски.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.