Гутереш подготвен да посредува на самитот за Украина само со согласност на сите страни

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш е подготвен да посредува кога станува збор за одржување на самит за Украина само со согласност на сите страни, вклучително и Русија, изјавија од кабинетот на Гутереш за РИА Новости.

Loading...

Агенцијата наведува дека во врска со иницијативата на Киев за одржување на самит за Украина, чиј посредник би бил Гутереш, во кабинетот на генералниот секретар било кажано дека Гутереш може да посредува само доколку сите страни сакаат тој да биде посредник.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба вчера изјави дека неговата земја сака да учествува на самитот за завршување на војната, но дека не очекува Русија да учествува на тој состанок.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шолц во Париз, разговори за односите ЕУ-САД, Украина и Блискиот Исток

Кулеба изјави за АП дека неговата влада сака да се одржи „мировен“ самит во следните два месеци, чиј посредник ќе биде генералниот секретар на ОН Гутереш.

Кулебар рече дека пред директните разговори на неговата земја со Москва, Русија мора да се соочи со Трибуналот за воени злосторства.

Коментирајќи го тој предлог, портпаролот на претседателот Дмитриј Песков рече дека Русија никогаш не исполнила туѓи услови.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.