Иран: Повиците за уништување на фабрики за оружје може да имаат последици за Украина

Сподели со своите пријатели

Повиците за уништување на иранските фабрики за производство на оружје може да имаат политички и правни последици за Украина, предупреди денеска портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Насер Канани Чафи.

Loading...

Чафи повтори дека Иран не учествува во војната во Украина и дека е подготвен да придонесе за решавање на кризата и изнаоѓање мирно решение.

Иран ги смета заканите на украинските функционери за неодговорна реторика која може да има политички и правни последици, предупреди Чафи, коментирајќи ја изјавата на советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак, пренесе Танјуг.

Во саботата Подољак побара уништување на иранските фабрики за оружје, за кои Киев верува дека и снабдуваат на Русија со беспилотни летала и ракети за војната во Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во руските напади оштетена електраната на најголемата украинска енергетска компанија

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.