Тројца руски војници загинаа при соборување на украински дрон во близина на воениот аеродром Енгелс во регионот Саратов, соопшти утрово руското Министерство за одбрана.
Наведено е дека вечерва околу 01:35 часот по московско време, украинско беспилотно летало било соборено на мала надморска височина при приближување до воениот аеродром Енгелс.
При падот на остатоците од дронот загинаа тројца руски војници, членови на техничкиот персонал, соопшти руското Министерство.
Опремата на аеродромот не е оштетена, јавува Танјуг.
На аеродромот во Енгелс се сместени авионите Туполев 160 и Туполев 95. Двата авиони можат да носат нуклеарно оружје.
Аеродромот е оддалечен 900 километри од најблиската територија контролирана од Украина.
Според достапните информации, од тој аеродром во неколку наврати биле истрелани крстаречки ракети кон цели во Украина.
Да потсетиме, Украина на 5 декември ги нападна аеродромите во Енгелс и Дијагилев со беспилотни летала од „советската ера“ при што беа убиени тројца припадници на руските вооружени сили.
Во таа прилика на земја беа оштетени два авиони Тупољев 22.
Тој напад беше чиста провокација бидејќи Русија не користи стратешки бомбардери во конфликтот во Украина.
Но, се чини дека НАТО не го заборави нивниот успешен ангажман во Сирија.
Од ноември 2015 до август 2018 година, авионите Ту 22 извршиле 369 борбени мисии над Сирија. Авионите полетаа од базата Маздок во Северна Осетија, која е доволно голема за да може да прими таков тип на авиони, а сепак најблиску до Сирија.
Во август 2016 година, авиони полетаа на мисии во Сирија од базата Хамедан во Иран, но таа земја набрзо ја повлече дозволата за база на руски авиони.
Нападите од застарени беспилотни летала врз цели во Русија, како што веруваат дури и западните воени аналитичари, не би биле можни без сателитски насоки обезбедени од Америка.
На овој начин НАТО ги тестира одбранбените способности на руските воздухопловни сили.
Противвоздушната одбрана на аеродромот овојпат успеа да ја неутрализира заканата, но со човечки жртви.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.