Јапонија го суспендира осигурувањето на бродовите во Русија и Украина

Сподели со своите пријатели

Три јапонски осигурителни компании објавија дека ќе престанат да ги осигуруваат бродовите од евентуална штета предизвикана во водите на Русија и Украина како резултат на воени конфликти, објави денеска јапонскиот весник „Никеи“.

Оваа одлука може потенцијално негативно да влијае на увозот на енергетски производи во Јапонија, вклучително и течен природен гас (ЛНГ), пренесува ТАСС, пренесува Танјуг.

Осигурителните компании „Tokyo Marine and Nishido Fire Insurance Company“, „Sompo Japan Insurance“ и „Mitsui Sumitomo Insurance“ вчера почнаа да ги информираат сопствениците на бродови за нивната одлука.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сериозно предупредување од Зеленски до Европа: „Сетете се што направи Путин со Крим“