Подољак: Фабриките за дронови во Иран мора да бидат ликвидирани

Сподели со своите пријатели

Михајло Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, денеска повика на „ликвидација“ на иранските капацитети за производство на дронови што Русија ги користи во војната против Украина.

Советникот на Зеленски на Твитер објави дека Иран „арогантно ја понижува институцијата меѓународни санкции“ и додаде дека „планира да го зголеми снабдувањето на Русија со дронови и ракети“.

„Важно е да се напушти идејата за санкции и резолуции на ОН кои не функционираат и да се премине кон подеструктивни алатки – ликвидација на погони и апсење на добавувачи“, најави Подољак.

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.