Пристигна првата реакција од Русија за посетата на Зеленски на САД

Сподели со своите пријатели

Вчерашната посета на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Вашингтон покажува дека ниту САД ниту украинскиот претседател „не се подготвени за мир“, изјави утрово рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов.

Loading...

Неговиот коментар дојде момент откако Зеленски одржа историски говор во американскиот Конгрес, во кој се заблагодари на САД за поддршката во борбата против руската агресија и побара поголема помош.

„Помирливите изјави од администрацијата на Бајден за немање намера за конфронтација со Русија се само празни зборови“, рече Антонов во изјавата објавена од руската амбасада во САД.

Тој ја опиша посетата на Зеленски на САД како „патување во стилот на Холивуд“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се обидува ли САД да го спречи човекот кој го организираше нападот на Кулите близначки да признае сè?

„Она што во основа беше најавено и поздравено со аплауз и саркастично намигнување е потребата од продолжување на „прокси војната“ против нашата земја, до целосна победа. Мислам дека сите совршено разбираат каква судбина го чека персоналот што ќе управува со тој систем на територијата на Украина“, најави Антонов, кој ја коментираше и најавата на Бајден за испраќање на моќниот американски ракетен систем за противвоздушна одбрана „Патриот“ во Украина.

Рускиот амбасадор тврди и дека американското вмешување во конфликтот во Украина може да доведе до ескалација на конфликтот:

„Провокативните потези на САД лесно водат кон ескалација чии последици не можат ниту да се замислат“, пренесува Индекс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Молдавска зима без руски гас: Придњестровје се замрзнува

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...