Зеленски во Конгресот: „Ќе победиме затоа што сме обединети“

Сподели со своите пријатели

Со нетрпение се очекуваше посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на САД. Тој не ја напуштил својата земја од почетокот на војната на 24 февруари.

Loading...

По средбата со американскиот претседател Џозеф Бајден во Белата куќа, Зеленски одржа говор и во американскиот Конгрес, на заедничка седница на Сенатот и Претставничкиот дом.

Аплаузот по влегувањето на украинскиот претседател во конгресната сала траеше неколку минути. Пратениците и сенаторите го пречекаа Зеленски со овации.

Длабоко трогнат, украинскиот претседател застана на говорницата во маслинесто зелен воен џемпер и панталони.

Тој потоа го одржа својот речиси половина час долг говор, кој постојано беше прекинуван со аплауз.

И покрај сите неволји и „сценарија за судниот ден“, Украина не падна, рече Зеленски. Украина е жива и здрава.

Зеленски се заблагодари и на САД за поддршката. Вашите средства не се милостина“, нагласи тој. Тие се инвестиција во глобалната безбедност и демократија, а Украина ќе ги третира со најголема одговорност.

Бајден ветува пакет помош вреден милијарди

На состанокот што претходно се одржа во Белата куќа, американскиот претседател Бајден му вети на Зеленски нова воена помош за Украина во износ од 1,85 милијарди американски долари.

Loading...

Тука спаѓа и испораката на системот за воздушна одбрана „Патриот“, кој Зеленски го бара со месеци.

„Патриот“ може да неутрализира авиони или проектили на поголема оддалеченост, а се верува дека украинските војници најверојатно ќе бидат обучени за користење на овој систем на американскиот воен полигон во Графенвер, Баварија.

На средбата Бајден изјави дека рускиот претседател Путин нема намера да стави крај на оваа сурова војна и истовремено најави: „САД ќе продолжат да стојат покрај Украина, се додека тоа е неопходно“.

Знаме од Бахмут за Ненси Пелоси

Имајќи предвид дека републиканците би можеле да ја блокираат помошта за Украина, бидејќи тие ќе имаат мнозинство во Претставничкиот дом почнувајќи од јануари, Зеленски рече дека се надева дека двете страни во Конгресот ќе продолжат да ја поддржуваат Украина.

Оваа борба, вели тој, ќе одлучи за светот во кој ќе живеат нашите деца и внуци, и нивните деца и внуци.

Претседателот на Украина потоа ја изненади претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, со тоа што и подари знаме од градот Бахмут со потпис на украинските војници кои се борат таму.

Знамето, рече тој, е симбол на победата:

„Ние стоиме цврсто, се бориме и ќе победиме затоа што сме обединети – Украина, Америка и целиот слободен свет“, рече Зеленкси.

Loading...

И додека Пелоси и потпретседателката Камала Харис го држеа украинското знаме во раце, Зеленски се збогуваше посакувајќи им на сите „Среќен Божиќ и среќна победничка Нова Година“.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.