Папата Франциск: Да се потсетиме на страдањата на украинските деца овој Божиќ

Сподели со своите пријатели

Врховниот поглавар на католичката црква, папата Франциск, денеска ги повика верниците да се потсетат на страдањата на украинските деца за време на Божиќ, кои празниците ќе ги поминат без струја и греење.

Loading...

„Повеќето од децата што ги видов овде веќе не се смешкаат“, рече папата, мислејќи на украинските деца кои нашле засолниште во Италија.

Од почетокот на рускиот напад на Украина, Папата честопати повикуваше на сочувство за страдањата на Украинците, како што беше, при секое јавно обраќање, пренесува Ројтерс.

„Ужасно е кога детето ја губи способноста да се насмее. Овие деца во себе ја носат трагедијата на нехумана и страшна војна“, рече тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Индиската муниција заврши кај Украинците. Русите се бесни

Минатата недела Папата ги повика верниците да трошат помалку за божиќните прослави и подароци и наместо тоа да испратат пари во Украина за да им помогнат на нејзините граѓани да ја преживеат зимата.

Во октомври Русија ја промени воената тактика и се концентрираше на уништување на енергетската инфраструктура на Украина, а се проценува дека половина од енергетскиот систем на земјата е веќе уништен.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.