Во Киев поставена елка со порака: „Русите нема да ни го украдат Божиќ“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Официјални лица во Киев синоќа поставија елка во центарот на градот, со порака дека нема да дозволат Русија да го „украде“ Божиќ.

 

 

Во понеделникот, серија руски напади беа извршени врз критичната инфраструктура во Киев, но до вечерта во центарот на главниот град беше поставена вештачка елка висока 12 метри.

 

 

„Русите се обидуваат да им ускратат на нашите граѓани нормален живот, но ние нема да дозволиме да им ги украдат најголемите празници на нашите деца, Новата година и Божиќ“, рече градоначалникот Виталиј Кличко.

 

 

Неколку десетици жители излегоа на централниот градски плоштад за да ја видат елката, симболично украсена со гулаби на мирот, со грбот на Украина на врвот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски: Покровск во моментов е главна цел на Русите, стационираа 200 нивни војници

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.