Вака изгледаше Киев синоќа по рускиот напад со дронови (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Најновите руски напади ја погодија „клучната инфраструктура“ во и околу Киев рано утринава, соопштија украинските власти, додавајќи дека системите за противвоздушна одбрана уништиле приближно 15 од 20-те дронови насочени кон главниот град.

Градоначалникот на Киев рече дека според првите информации нема загинати или повредени во нападот на главниот град и дека здравствените работници се во погодените области Соломјански и Шевченков.

Русија употреби околу 35 беспилотни летала Шахед од иранско производство во нападите врз Украина во понеделникот, од кои 30 беа уништени, соопшти украинското воздухопловство.

Вака изгледаше Киев по овој напад со дрон.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски: Покровск во моментов е главна цел на Русите, стационираа 200 нивни војници

 

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.