Подарок што командантот на полската полиција го добил при неодамнешната посета на Украина експлодирал во седиштето на полицијата во Варшава при што полесно биле повредени командирот и еден државен службеник, соопшти денеска полското МВР.
Експлозијата се случила вчераутро, соопшти Министерството.
Нема информации каков предмет добил полскиот командант за време на работната посета на Украина.
Во неделата и понеделникот командантот се сретна со лидерите на украинската полиција и службите за итни случаи, соопшти Министерството.
По експлозијата „полската страна побара објаснување од украинската страна“, се вели во соопштението.
Полска е сојузник на Украина и ѝ понуди различни форми на поддршка за време на руската инвазија на Украина: испрати воена и хуманитарна помош и прифати голем број бегалци.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.