Папата Франциск ги покани христијанските верници ширум светот на поскромна прослава на Божиќ оваа година со цел да им помогне на Украинците со „конкретни гестови на милосрдие“.
„Убаво е да се слави Божиќ и да се прават прослави, но ве повикувам малку да го намалите нивото на трошење на Божиќ. Да го прославиме поскромниот Божиќ и да го испратиме тоа што ќе го заштедиме на граѓаните на Украина на кои им е потребно“, рече Папата, пренесува АП.
Од почетокот на војната во Украина, папата Франциск во неколку наврати повика на испраќање помош за Украина.
Ватикан организираше неколку хуманитарни акции за да и помогне на Украина, вклучително и донација на облека овој месец за да им обезбеди на Украинците топла термална облека поради недостаток на греење и електрична енергија во таа земја предизвикани од руските ракетни напади врз украинската инфраструктура, пренесува Танјуг.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.