Зеленски: Нема мир таму каде што се случи екоцидот

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски се обрати пред парламентот на Нов Зеланд и побара поддршка за неговиот мировен план од 10 точки за ставање крај на војната во Украина, што го претстави на самитот на Г19.

Loading...

Тој конкретно побара од Нов Зеланд поддршка за точката осум од мировниот план, која е поврзана со заштитата на животната средина, пишува Гардијан.

„Нема вистински мир таму каде што се случи екоцид без санирање на неговите последици“, рече Зеленски.

Според него, руските напади врз Украина доведоа до контаминација на океанот и 7,4 милиони хектари шума во Украина.

Штетата направена врз животната средина како резултат на војната ќе влијае на животот на луѓето со години, додаде Зеленски.

По неговото обраќање, парламентот на Нов Зеланд одобри дополнителна хуманитарна помош во износ од три милиони новозеландски долари и гласаше за воведување санкции против луѓе и компании во Иран кои се занимаваат со производство на воени дронови и нивна испорака во Русија.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.