Велика Британија загуби 417.000 работни денови поради штрајкови во октомври, што е најмногу од ноември 2011 година, објави Националната канцеларија за статистика.
Претходните месеци штрајкуваа работниците од сите сектори, од вработените во железницата и наставниците до поштенските работници и адвокатите, бидејќи платите не го следат темпото на инфлација, пишува „Независне новине“.
Штрајковите се закажани за речиси секој ден во декември, а главниот настан во вторник е почетокот на дводневниот штрајк на железницата.
Медицинските сестри ќе штрајкуваат утре за прв пат во историјата на нивниот синдикат.
Владата предупреди дека зголемувањето на платите на ниво на инфлација само ќе го влоши проблемот.
Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.