Министрите за надворешни работи на ЕУ начелно се согласија да додадат околу 200 поединци и организации од Русија на листата на санкционирани, но новиот пакет санкции на ЕУ сѐ уште не е усвоен, потврди синоќа еврокомесарот за надворешни работи и безбедност Јосеп Борел.
„Она што веќе го одобривме се индивидуални санкции за околу 200 нови поединци и организации, кои тешко ќе го погодат рускиот одбранбен сектор и армијата, како и оние кои се на власт во руската влада, во Думата, во Советот на Федерацијата и во судството“, рече Борељ, пренесе Ројтерс.
Според него, санкциите биле насочени кон оние „одговорни за грабежот на украинското жито и депортацијата на украинските граѓани, особено децата“.
Иако министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ без многу потешкотии се договорија за проширување на листата на санкционирани, вчера не беше усвоен целиот пакет нови санкции на ЕУ.
Борел потврди дека има несогласувања за „некои делови од содржината и можните ефекти“, но не навлегува во детали, туку изрази надеж дека договор за новиот пакет санкции ќе биде постигнат подоцна оваа недела.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.