Америка го испрати првиот пакет помош со енергетска опрема за Украина

Сподели со своите пријатели

САД ѝ го доставија првиот дел од помошта во електроенергетската опрема на Украина, во вредност од приближно 13 милиони долари, објавија американски официјални лица.

Loading...

Целта на помошта е зајакнување и обновување на енергетската инфраструктура на Украина, која беше сериозно оштетена од руските ракетни напади, пишува Ројтерс, пренесува Танјуг.

Според најавите, оваа недела од САД во Украина ќе бидат испратени уште два авиони со енергетска опрема.

САД минатиот месец објавија дека ќе испратат електрична опрема во вредност од 53 милиони долари во Украина.

Од 10 октомври Русија изведува масовни ракетни напади врз електроенергетскиот систем на Украина, поради што земјата се соочува со недостиг на електрична енергија.