Британија: Путин годинава нема да одржи важна конференција, има причина за тоа

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин нема да ја одржи својата традиционална прес-конференција за крајот на годината.

Loading...

Ова ќе биде првпат во последните 10 години конференцијата да не се одржи, се наведува во дневниот извештај на британското Министерство за одбрана за ситуацијата во Украина.

Британските разузнавачи наведуваат дека овој настан инаку е многу важен во календарот на Путин на јавен ангажман и дека до сега често се користел како можност да се покаже интегритетот на рускиот претседател.

Иако прашањата на новинарите се речиси сигурно однапред проверени, откажувањето на конференцијата укажува на зголемена загриженост за антивоените ставови во Русија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Киев: Русија за 24 часа изврши 319 напади на регионот Запорожје

Според министерството, претставниците на Кремљ секако се борат со можноста на настан на кој ќе присуствува Путин, за нив да има несоодветна дискусија за таканаречената специјална воена операција.

Конференцијата може да трае неколку часа

Да потсетиме, вчера, во екот на бројните руски воени неуспеси во Украина и западните санкции наметнати на Москва, руските власти објавија дека Путин нема да ја одржи својата традиционална прес-конференција.

„Нема да има претседателска прес-конференција до почетокот на новата година“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков на телефонскиот брифинг, истакнувајќи дека Путин разговарал со новинарите и во други прилики, особено за време на неговите патувања во странство.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што очекуваат Украинците од Трамп? „Има шанса да влезе во историјата како спасител“

На споменатата конференција, која обично трае неколку часа, се собираат стотици руски и странски новинари, а Путин во живо одговара на прашања на различни теми, од дипломатија до секојдневни руски теми.

Loading...

Одлуката да не се одржи традиционалната прес-конференција на крајот на годината дојде откако Русија, која започна воена офанзива против Украина во февруари, претрпе неколку воени неуспеси во последните месеци и нареди делумна мобилизација во септември.

Погодена од серија западни санкции од почетокот на офанзивата, Русија сега се соочува со ембарго на нејзините испораки на нафта во ЕУ.

 

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.