Киријата во Германија драстично порасна

Сподели со своите пријатели

Кириите во Германија повторно пораснаа со зголемена брзина, а особено се погодени источните делови на Германија и главниот град Берлин, објави Институтот за германска економија (IW).

Loading...

„Во третиот квартал кириите на ниво на целата земја се зголемија за 5,8 отсто во однос на истиот период минатата година“, се вели во соопштението за печатот на Институтот за германска економија (IW), со седиште во Франкфурт на Мајна.

Наглото зголемување на цените на киријата е поврзано со зголемување на каматните стапки и инфлацијата, што има ефект многу луѓе да се откажат од евентуалното купување на сопствен стан и да се свртат кон пазарот за изнајмување станови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Работата на црно е се поголем проблем во Германија: Државата поради тоа изгубила 615 милиони евра

Притисокот на пазарот на недвижности за изнајмување е зголемен и поради доаѓањето на над милион бегалци од Украина, кои главно се населуваат во поголемите градови.

„Зголемената побарувачка влијае и на поскапувањето. Динамиката се интензивира“, изјави експертот за недвижности Мајкл Фоигтлендер.

Најмалку поскапеа кириите таму каде што цените веќе ги достигнаа границите на куповната моќ на граѓаните.

Ова е најчесто случај со градови како Минхен, Франкфурт и Келн и нивната околина.

Изнајмите најмногу се зголемија во регионите каде што беше можно да се најдат релативно достапни станови, како што се сојузните покраини Бранденбург (9,1 отсто зголемување на цената) и Мекленбург-Западна Померанија (10,3 отсто).

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина и Словачка на работ на конфликт за гасот, Фицо му се заканува на Киев со мерки

Цените на киријата продолжија да растат во главниот град Берлин, кои се за 8,3 отсто повисоки во овој квартал отколку во истиот период минатата година.

Цената на киријата во Берлин е двојно зголемена во последните 10 години, така што во просек киријата е 12 евра за метар квадратен.

Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.