Во судирите меѓу Израел и Палестина загина тинејџерка

Сподели со своите пријатели

Палестинска тинејџерка е убиена во понеделникот вечерта за време на интервенцијата на израелската армија во Џенин, дел од окупираниот Западен Брег кој е извор на насилство во последните месеци, соопшти палестинското Министерство за здравство.

Loading...

Шеснаесетгодишната Јана Закарна била погодена со куршум во главата на покривот од куќата во екот на конфликтот што избил во нејзиното соседство по инвазијата на израелската војска, пренесува агенцијата Вафа.

Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека тројца Палестинци се повредени.

Тинејџерката била пронајдена мртва по повлекувањето на израелската армија, која соопштила дека „ќе го истражи инцидентот“.

Судирите во Џенин меѓу израелската армија и вооружените Палестинци избувнаа по апсењето на три лица за кои израелската страна верува дека биле вмешани во неодамнешните терористички активности.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Северна Кореја тестираше нови ракети користејќи „супер големи“ боеви глави (ФОТО)

„За време на операцијата, осомничените фрлиле експлозив и отвориле оган врз војниците. Војниците возвратиле во правец на вооружените осомничени“, соопшти израелската армија.

Џенин, упориште на вооружените палестински фракции, е честа цел на напади на израелската армија.

Повеќе од 40 Палестинци, меѓу кои и новинарката на Ал Џезира, Ширин Абу Аклех, беа убиени во тој град во судирите меѓу двете страни оваа година.

Loading...

Од почетокот на годината, 150 Палестинци и 26 Израелци загинаа во конфликтите во Израел, Ерусалим и Западниот Брег.