Овие 10 психолошки факти објаснуваат многу работи

Сподели со своите пријатели

Додека некои психолошки студии ни презентираат прилично банални факти во психологијата, некои нè просветлуваат.

Loading...

Подолу ви пренесуваме факти за психологија кои ја објаснуваат човековата природа и нашите погледи за одредени работи:

1. Ако имаме план Б, нашиот план А веројатно има мали шанси за успех

Во серија експерименти на Универзитетот во Пенсилванија, истражувачите откриле дека кога волонтерите не размислувале за резервен план пред да започнат со некоја задача, поминувале подобро од оние што расмислувале за план Б.

Покрај тоа, кога оние со резервен план сфаќаат дека има повеќе опции за крајниот резултат, нивната мотивација значително опаѓа.

Истражувачите потенцираат дека размислувањето однапред е добра идеја, но дека добро дизајнираниот план А веројатно ќе доведе до поголем успех отколку неколку претходно подготвени стратегии.

 

 

Loading...

2. Стравот може да направи да се чувствуваме добро – освен ако навистина не сме во опасност

Сите не ги сакаме хорор филмовите, но за луѓето што ги гледаат, постојат неколку теории зошто ги сакаат, а главната е поврзана со хормоните.

Кога гледате хорор филм, шетате во темна и непозната средина, имате страв да летате и сте во авион – телото лачи адреналин, ендорфин и допамин.

Во вакви случаи, колку и да се плашите, мозокот признава дека навистина не сте во опасност, така што предизвиканиот стрес е доста безопасен.

3. Луѓето повеќе ги погаѓа кога е загрозено едно лице отколку некоја масовна трагедија

Во друга студија на Универзитетот во Пенсилванија, една група открила дека едно мало девојче гладува до смрт, друга група дознала за милиони луѓе кои гладуваат до смрт, а трета група дознала за двете ситуации.

Луѓето донирале двојно повеќе пари кога слушнале за девојче отколку за масовното гладување на голем број луѓе. Дури и третата група која ги слушна двете приказни донирала многу повеќе во корист на малото девојче.

Психолозите сметаат дека сме сочувствителни и сакаме да му помогнеме на лицето до нас, но кога се чини дека проблемот е преголем, сфаќаме дека не можеме да направиме многу и најлесен начин е да се повлечеме.

 

Loading...

 

4. Полесно ги паметиме почетокот и крајот од средината

Кога од луѓето се бара да се сетат на работите од списокот, тие најверојатно ќе ги запомнат работите од самиот крај или од самиот почеток, откри една студија објавена во „Frontiers of Human Neuroscience“.

Средината станува заматена бидејќи интензитетот на вниманието значително се намалува по почетокот, и повторно се зголемува како што се приближува крајот.

Ова се случува и во обичното прераскажување настани, случувања, па дури концерт или театарска претстава.

5. Храната е секогаш повкусна кога некој друг ќе го готви за нас

Дали некогаш сте се запрашале зошто сендвич од сендвичарата во крајот има подобар вкус од оној што го правите дома, дури и кога ги користите истите состојки?

Студијата објавена во списанието „Science“ открила дека додека подготвуваме оброк, ние сме многу посветени и повозбудени од тоа кога го јадеме тој оброк.

Времето изгубено при подготвување оброк го намалува нашето уживање.

 

Loading...

 

6. Не сме толку добри во мултитаскинг како што мислиме дека сме

Студијата објавена во списанието за експериментална психологија покажува дека дури и кога размислувате да направите две работи одеднаш, она што го правите е всушност брзо префрлање од една задача на друга.

Што значи дека секогаш сте фокусирани на една задача, а не на две или три како што мислите.

Не е ни чудо што е толку тешко да го слушате вашиот партнер додека „висите“ на Инстаграм.

7. Секогаш ќе најдеме проблем

Дали некогаш сте се запрашале зошто се случува кога ќе се реши еден проблем, друг веднаш да го заземе неговотоместо? Не е целиот свет е против вас, туку вашиот мозок.

Loading...

Истражувачите побарале од волонтери преку компјутерска технологија да избираат луѓе кои им се изгледаат заканувачки.

„Бидејќи почнавме да им покажуваме се помалку и помалку лица кои изгледаат заканувачки, со тек на времето откривме дека тие ја проширија својата дефиниција за„ закана“ и вклучуваат се поголем број на лица“, напиша д-р Левари.

Со други зборови, кога списокот на загрозени лица беше намален, тие започнаа да избираат лица за кои претходно велеа дека се безопасни.

8. Моќта ги тера луѓето да се грижат помалку за другите

Веројатно сте слушнале за познатиот експеримент во затворот Стенфорд.

Loading...

Студентите од колеџ беа избрани случајно или да бидат затвореници или чувари на лажен затвор, а „чуварите“ почнаа да малтретираат „затвореници“.

Двонеделниот експеримент беше откажан по шест дена.

Тоа е прилично краток период, но подоцна истражувањата откриле дека кога луѓето чувствуваат позиција на моќ значително ја губат емпатијата.

 

Loading...

 

9. Парите можат да купат среќа, но само до одредена точка

Истражувањата покажуваат дека во однос на приходот, луѓето имаат „точка на заситеност“. Кога се сведува на тоа, заработувањето пари нема да ве направи посреќни.

Различни студии сугерираат различни суми (една студија од 2010 година наведува 75.000 долари и анкета од 2018 година 105,000 доалри), но сепак, поентата е иста.

Постојаното стремење кон повеќе и повеќе прави парите да не бидат клучни за човечката среќа.

10. Социјалните медиуми се психолошки дизајнирани да создадат зависност

Си рековте дека само ќе ги проверите известувањата на „Фејсбук“ на брзина, но 15 минути подоцна дали сè уште правите иста работа? За жал, вие не сте единствен случај.

Поранешен инвеститор во Мозила вели дека тајната на максималната зависност лежи во работата на буквално илјадници развивачи кои работат на тоа секој ден.

Loading...

Тој вели дека иновацијата ги принудува корисниците да ги гледаат своите телефони многу подолго отколку што е потребно.

Тој исто така тврди дека постои болест наречена „зависност од интернет“, која е многу тешко да се надмине, особено за генерациите родени во епохата на интернетот и социјалните мрежи.