Поради скапата енергија Унгарија затвора стадиони, библиотеки, театри, базени…

Сподели со своите пријатели

Драстичниот пораст на цените на енергијата ја принуди Унгарија да ги затвори библиотеките, театрите, базените и нејзините нови стадиони во текот на зимата, пренесува АФП.

Loading...

Новите стадиони, симболи на моќта на десничарскиот премиер Виктор Орбан, кој е на власт 12 години, се последните во долгата листа на згради кои повеќе не можат да се справат со поскапувањето на енергијата.

Секешфехервар, еден од најбогатите унгарски градови, управуван од членови на партијата на Ирбан, е еден од многуте што ги затворија своите музеи, библиотеки и театри во текот на зимата.

Градоначалникот Андраш Чер-Палковиќ најави дека новиот стадион, кој може да прими 14.000 гледачи, ќе биде затворен овој месец поради заштеда на трошоци.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хорор во Австрија: Мајка со нож го убила четиригодишниот син

„Јавните простори се она што го прави градот. Никој не е среќен поради овие мерки, но луѓето прифаќаат дека тие се неопходни“, изјави за АФП Чер-Палковиќ, член на владејачката партија на Орбан Фидес.

Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.