За половина Киев вонредни исклучувања на струјата

Сподели со своите пријатели

Половина од Киев има вонредно прекинување на струјата по ракетните напади на руските сили врз виталните инфраструктурни објекти, објави прес-службата на градската воена управа.

Loading...

Во тек е работа на обновување на снабдувањето со греење, пренесува Интерфакс Украина.

Водоснабдувањето во Киев е целосно обновено, но некои потрошувачи сè уште може да доживеат пад на притисокот.

Што се однесува до мобилните комуникации, функционирањето на мрежите на сите мобилни оператори директно зависи од снабдувањето со електрична енергија, се наведува во соопштението.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.