Колку чини сексот во „филмовите за возрасни“?

Сподели со своите пријатели

Порнографските филмови и индустријата за возрасни и натаму понекаде се табу тема. Но дали некогаш ве интересирало колку заработуваат главните јунаци во „филмовите за возрасни“?

Еве некои од одговорите:

Почетничките заработуваат околу 300 долари, додека „познатите“ порно актерки можат да заработат и од 1.500 до 2.000 долари по филм.

Сепак, оние актерки кои се подготвени на малку понеобични сцени можат да заработат и од 1.800 до 2.500 долари по филм.

Машките порно ѕвезди заработуваат значително помалку и тоа од 500 до 600 долари по филм. Познатите порно актери дома носат и околу 1.500 долари, додека многу повеќе заработуваат оние актери кои снимаат геј филмови. Тие заработуваат импресивни 5.000 долари по филм.

Дали сте знаеле дека постојат и луѓе кои пишуваат сценарија во порно филмови? Е, постојат и заработуваат од 250 до 400 долари по сценарио.

Снимателите кои снимаат секс сцени добиваат хонорар од 500 до 700 долари, а доколку се посебно добри можат да заработат и до 3.000 долари.