Британскиот премиер вели дека излегувањето на Русија од Украина ќе ја направи „најголемата промена“ во економијата на глобално ниво и повика на крај на кризата со жито.
На Самитот на дваесетте економски најмоќни земји, британскиот премиер Риши Сунак рече дека рускиот претседател Владимир Путин требало да дојде и да се сретне со светските лидери.
Тој е убеден дека заминувањето на Русија од Украина ќе ја направи „единствената најголема промена“ во функционирањето на добар дел од светот.
На отворањето на самитот на индонезискиот остров Бали наместо рускиот претседател присуствуваше рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Во своето обраќање, британскиот премиер ја осуди инвазијата на Украина и таргетирањето цивили и ги предупреди светските лидери за заканата за меѓународниот поредок.
„Еден човек има моќ да го промени сето ова“, рече Сунак, додавајќи дека е забележително што „Путин не се чувствувал способен да ни се придружи овде“.
Британскиот премиер е убеден дека присуството на Путин можело да придонесе за „решавање на работите“.
„Бидејќи најголемата разлика што некој може да ја направи е всушност излегувањето на Русија од Украина и завршувањето на оваа варварска војна“, инсистираше тој.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.