Борел: Земјите од ЕУ да соработуваат за испорака на оружје во Киев

Сподели со своите пријатели

Земјите од ЕУ треба да работат заедно за да ги надополнат своите воени резерви и да ја избегнат меѓусебната конкуренција за време на тековните испораки на оружје за Украина, изјави денеска во Брисел високиот претставник на Унијата за надворешна политика и безбедност, Јосеп Борел, пред состанокот на министрите за одбрана.

Loading...

Според него, на овој начин ќе се заштедат поповолни цени, квалитет и време.

ЕУ долго време ги охрабрува земјите-членки да ги здружат силите во купувањето оружје, наместо да ги зголемуваат цените натпреварувајќи се едни против други или поединечно склучуваат договори со добавувачи надвор од унијата, објави Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Медведев: Германското снабдување со ракети Таурус за Украина го зголемува ризикот од ескалација

Министрите за надворешни работи и одбрана на ЕУ, на состаноците во Брисел денеска и во понеделник, официјално ја започнаа мисијата за воена помош на Унијата за Украина, чија цел е да обучи вкупно околу 15.000 украински војници.

Министрите за одбрана на ЕУ денеска ќе разговараат и за потребата од дополнување на т.н. во Украина, пренесе британската агенција.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.