Израелските сили убија Палестинка на Западниот Брег

Сподели со своите пријатели

Израелските сили убија 19-годишна Палестинка за време на рација на окупираниот Западен Брег, соопшти денеска палестинското Министерство за здравство.

Loading...

Министерството соопшти дека 19-годишната Сана ал Тал била убиена во градот Бејтунија.

Израелската армија соопшти дека војници отвориле оган врз возило кое со голема брзина се движело кон нив, откако тие му дале знак да застане, пренесе АП.

Израелската армија спроведува речиси секојдневни рации на Западниот Брег од пролетта, кога 19 лица беа убиени во серија напади на милитантните Палестинци врз израелските градови.

Над 130 Палестинци се убиени оваа година на Западниот Брег и Источен Ерусалим, потсетува американската агенција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поранешен агент на ЦИА дрогирал и сексуално злоставувал десетици жени. Осуден е на 30 години