За време на повлекувањето Русите го уништиле клучниот мост на Днепар? (VIDEO)

Сподели со своите пријатели

Главниот мост на реката Днепар во регионот Херсон е уништен, според фотографиите и видеата кои почнаа да кружат на интернет.

Loading...

Постојат индиции дека Русите целосно го напуштиле градот, но во овој момент не е можно самостојно да се потврди оваа информација.

Александар Котс, известувач на рускиот провладин таблоид Комсомолскаја Правда, кој е поврзан со руските сили во Керсон, рече дека „во моментов нема руски војници од другата страна“, пренесува Си-Ен-Ен.

 

 

Слика која од утрово кружи на социјалните мрежи го покажува украинското знаме во центарот на Херсон, иако нема индикации дека украинската војска веќе е во градот.

Коутс на својот канал Телеграм објави видео како стои на мостот Антоновски, на кое се гледа уништен целиот централен дел на мостот.

Loading...

„Зад мене има два срушени делови од мостот Антонивка. Тие најверојатно се кренати во воздух при повлекувањето на руската група сили од десно кон лево или од запад кон источниот брег“, изјави Коутс.

 

 

На неколку други слики на социјалните мрежи, исто така, се гледа урнатиот мост.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.