„Русите ќе се повлекуваат од Херсон недела дена

Сподели со своите пријатели

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников изјави дека ќе биде потребна најмалку една недела руските сили да се повлечат од јужниот украински град Херсон.

Loading...

Според проценките на разузнавачките служби, Русите сè уште имаат околу 40.000 војници во регионот Херсон, а руските сили сѐ уште се во и околу градот, рече Резников во интервју за Ројтерс.

„Не е лесно да се повлече толку многу војници за еден или два дена. Ќе биде потребно најмалку една недела“, рече Резников.

Вадим Скибицки, заменик началникот на воената разузнавачка служба на Украина, процени дека повеќе од половина од силите стационирани на десниот брег на реката Днепар сѐ уште се таму.

Според неговата проценка, станува збор за околу 20.000 војници.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.