Столтенберг: Охрабрува ослободувањето на делови од територијата на Украина

Сподели со своите пријатели

Охрабрувачки е тоа што украинските сили можат да ослободат повеќе делови од нивната територија, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг откако руските власти наредија повлекување на војниците од Херсон.

Loading...

Тој рече дека „храбрите украински војници“ се одговорни за победите и придобивките на украинските вооружени сили.

„Но, поддршката што ја добиваат од Обединетото Кралство, сојузник и партнер на НАТО, е исто така суштинска“, рече Столтенберг во Лондон, каде што се сретна со британскиот премиер Риши Сунак, пренесе Ројтерс.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу му нареди на командантот на руската армија во Украина Сергеј Суровикин да започне со повлекување на војниците од десниот кон левиот брег на Днепар во правец на Херсон, пренесоа агенциите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русите го уништија еден од најголемите пазари во Европа (ВИДЕО)

Шојгу рече дека животот и здравјето на рускиот воен персонал секогаш се приоритет и дека мора да се земе предвид и опасноста за цивилното население.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.