Кличко: Во Киев 450.000 потрошувачи се без струја

Сподели со своите пријатели

450.000 потрошувачи денеска се без струја во Киев, што е 1,5 пати повеќе од претходните денови, изјави градоначалникот Виталиј Кличко.

Loading...

Тој изјави дека исклучувањето е поради преоптоварување на централниот јазол на енергетскиот систем на земјата по ракетирањето на енергетските објекти од страна на руските сили, пренесува Интерфакс Украина.

Апелирам до сите жители на главниот град: штедете струја што е можно повеќе, бидејќи ситуацијата е се уште тешка!“, напиша Кличко на Телеграм, пренесува Танјуг.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.