На собирот на неговите приврзаници во американската сојузна држава Ајова, поранешниот американски претседател Доналд Трамп најави можна трета кампања за Белата куќа.
„За да ја направиме нашата земја успешна, безбедна и славна повторно, веројатно ќе морам да го направам тоа повторно. Подгответе се, тоа е сè што можам да ви кажам“, рече Трамп.
Тој е желен да се врати во политичката игра за претседателската функција, според блиски соработници, а еден од неговите високи советници, кој не сакал да биде именуван, а изјавил за Ројтерс дека Трамп сака да се кандидира и да го објави пред Денот на благодарноста, што ќе даде му даде предност пред противниците и дека е свесен за тоа.
Ако тој стане републикански фаворит за номинација, тоа би можело да ги исфрли од трката потенцијалните партиски ривали, рекоа неговите советници, додавајќи дека сепак е можно поранешниот американски претседател да ја одложи таквата одлука или да го промени своето мислење.
Независните аналитичари и изборните анкети во САД предвидуваат дека републиканците имаат голема веројатност да освојат мнозинство во Претставничкиот дом на САД на среднорочните избори следната недела и да имаат шанса да ја преземат контролата и врз Сенатот, што ќе им даде можност да ја блокираат законодавната агенда на претседателот Џо Бајден во следните две години, наведува британската агенција.