Зеленски: По руските удари 4,5 милиони потрошувачи останаа без струја

Сподели со своите пријатели

Речиси 4,5 милиони потрошувачи во Украина вечерва се во мрак, по неодамнешните руски напади врз енергетските инсталации во земјата, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Само вечерва околу 4,5 милиони потрошувачи се привремено без струја“ во Киев и во десет други региони низ земјата, рече тој во вечерното обраќање.

Русите не можат да ја победат Украина на бојното поле и затоа се обидуваат да го скршат нашиот народ со прибегнување кон „енергетски терор“, рече Зеленски.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украинците случајно исфрлија муниција од авион над нивна територија (ВИДЕО)