Проруските власти во Херсон најавија нова евакуација на населението

Сподели со своите пријатели

Проруските власти во Херсон на југот на Украина објавија дека е започната нова евакуација на населението во областа каде што украинските сили спроведуваат офанзива.

Loading...

„Ќе преселиме и префрлиме околу 70.000 луѓе“ кои во моментов се наоѓаат во лента долга 15 километри источно на левиот брег на Днепар, изјави прорускиот гувернер на Керсон, Владимир Салдо.

Проруските сили минатата недела соопштија дека околу 70.000 цивили ги напуштиле своите домови во Херсон, западно на десниот брег на реката во близина на линијата на фронтот.

Салдо рече дека е донесена одлука повторно да се евакуира населението поради опасност од можен ракетен напад на браната лоцирана на реката.

Регионот Херсон е делумно контролиран од Русија, која во октомври го анектира делот што го освои, заедно со уште три други региони на Украина под нејзина контрола.

Украинските сили водат офанзива за повторно заземање на регионот Херсон веќе неколку недели.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.