ЕУ се надева дека наскоро ќе потпише важен договор со Аргентина

Сподели со своите пријатели

Европската унија се надева дека наскоро ќе потпише енергетски меморандум за разбирање со Аргентина, кој има за цел да се справи со проблемите со снабдувањето со енергија предизвикани од војната во Украина.

Loading...

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел за време на посетата на Аргентина во изјава за новинарите ја истакна важноста од постигнување на тој договор со оглед на тоа што Аргентина е „енергетска сила во подем“, и во време на високи меѓународни цени на енергијата.

„Постигнуваме напредок во меморандумот за разбирање за енергетските прашања. Се надевам дека наскоро ќе биде завршен. Не зборуваме за години или месеци, постои јасен взаемен интерес“, рече Борел.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поранешен агент на ЦИА дрогирал и сексуално злоставувал десетици жени. Осуден е на 30 години

Аргентина има една од најголемите светски резерви на гас од неконвенционални извори, но како што рече Борел, не постои начин да се извезе.

„Тоа е потенцијално многу голема гасна сила, но мора да се направат многу инвестиции“, додаде европскиот претставник.

Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.