Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја оцени употребата на ирански дронови од страна на руските сили како „алармантна“ и додаде дека САД и нивните сојузници сакаат да ја спречат оваа испорака на оружје.
Употребата на тие дронови за „убивање на украински цивили и уништување на инфраструктурата од која зависат“ е „застрашувачка“, изјави американскиот државен секретар за време на посетата на Отава.
САД, Канада и нивните сојузници работат заедно за да го осудат, одвратат и спречат Иран да го снабдува тоа оружје, додаде тој.
Киев и неговите западни сојузници постојано ја обвинуваат Москва дека користи беспилотни летала од Иран во нападите против Украина во последните недели.
Украина потврди дека околу 400 ирански ирански дронови веќе се употребени против украинското цивилно население, а Москва наредила околу 2.000.
Техеран ги отфрли обвинувањата.
„Да ни беше јасно дека Русија користи ирански дронови против Украина, сигурно немаше да бидеме рамнодушни кон тоа прашање“, изјави оваа недела шефот на иранската дипломатија, Хосеин Амир Абдолахиан.
САД, Обединетото Кралство и ЕУ веќе воведоа санкции кон Иран поради проблемот со дроновите.
Израелскиот претседател Исак Херцог во вторникот се согласи да сподели информации со САД кои покажуваат, според израелското разузнавање, дека ирански дронови се користат во војната во Украина.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.