Нов земјотрес ја погоди Русија

Сподели со своите пријатели

Нов, посилен земјотрес ја погоди Русија во средата. Земјотрес со јачина од 5,2 степени е регистриран во близина на јужните Курили во руската област Сахалин.

Информацијата за РИА Новости ја потврдија од Единствената геофизичка служба на Руската академија на науките.

Епицентарот бил во Тихиот Океан, а засега нема информации за штети.

ЕМСЦ пишува дека се работи за малку послаб земјотрес со јачина од 4,9 степени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  НАТО започнува „Источната стража“ за зајакнување на одбраната во близина на Русија