Германскиот канцелар Олаф Шолц смета дека континуираните напади со руски дронови во Украина се знак на очајот на Москва и ја подвлече важноста од планирање на обновата на земјата.
Шолц во своето обраќање на конференцијата за обнова на Украина во Берлин истакна дека историјата на Германија покажува дека била возможна обновата на земјата и по разорна војна.
Затоа, вели тој, важно е да се планира иднината на Украина како просперитетна и демократска членка на Европската унија и извозник на зелена енергија и високотехнолошки добра.
„Оваа конференција е за создавање на Маршаловиот план за 21 век“, подвлече Шолц.
Тој посочи дека посветеноста на Украина кон Европската унија е една од најзначајните геополитички одлуки на оваа ера.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.