Ердоган: Видов дека Путин е поотворен за преговори со Киев

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека наскоро телефонски ќе разговара со претседателите на Русија и Украина Владимир Путин и Володимир Зеленски.

Loading...

– Видов дека господинот Путин сега е многу помек и поотворен за преговори со Киев отколку порано. До што може да доведе тоа ќе видиме за време на телефонската дипломатија што ќе ја спроведеме во наредните денови кога ќе ги сослушаме и двајцата лидери – им рекол Ердоган на новинарите во авионот при враќањето од Азербејџан.

Нема пречки за продолжување на договорот за храна

Ердоган истакна дека нема пречки за продолжување на договорот за храна.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Руските сили зазедоа две села во источна Украина, Киев го препозна рускиот притисок на територијата...

– Во тоа повторно се уверив на средбата со господинот Зеленски и на средбата со господинот Путин. Ако во меѓувреме дојде до некаква блокада, нема пречки да се надмине – објасни турскиот претседател.

Ердоган објави дека до 20 октомври 363 бродови испорачале осум милиони житарки и други прехранбени производи на светските пазари.

– 62 отсто од стоките отишле во Европа од украинските пристаништа, 19,5 отсто во Азија, 13 отсто во Африка и 5,3 отсто на Блискиот Исток. Најнеразвиените земји добиле 454.626 тони пченица, што е само 5,7 отсто – прецизираше тој.

Како што додаде, меѓу извезените производи за 96 отсто се издвојуваат пченката, пченицата, сончогледовото масло, маслодајната репка и сачма од сончоглед.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бела куќа: Речиси 3.000 севернокорејски војници се обучуваат во Русија

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...