Повеќето Американци веруваат дека демократијата не функционира добро

Сподели со своите пријатели

Речиси две години по претседателските избори и насилната инвазија на Конгресот, многу Американци велат дека се песимисти за состојбата на демократијата во САД и за начинот на кој се спроведуваат изборите, според новото истражување спроведено од АП и НОРК.

Loading...

Околу половина од Американците велат дека имаат доверба во начинот на кој ќе се спроведат следните конгресни избори во ноември.

Сепак, само девет отсто од испитаниците во САД сметаат дека демократијата функционира многу добро, додека 52 отсто оценуваат дека не функционира добро.

Сега е поверојатно републиканците од демократите да кажат дека демократијата не функционира, што беше обратно пред две години – 68 отсто од републиканците мислат така сега, а 32 отсто пред две години.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Волстрит благо падна по наглото намалување на каматните стапки на ФЕД

За демократите тој процент падна од 63 на 40 отсто.