Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) ја обвини Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина дека стои зад експлозијата на мостот на Крим.
Како што се наведува во соопштението, во врска со нападот се приведени пет државјани на Русија, тројца државјани на Украина и Ерменија.
ФСБ објави фотографии од осомничените за нападот.
#Russian FSB published photos of those allegedly involved in the bombing of the #CrimeanBridge, as well as photos of documents and an X-ray of the trailer of the truck.
Five citizens of #Russia, three citizens of #Ukraine and #Armenia were detained on suspicion. pic.twitter.com/8470eckubZ
— NEXTA (@nexta_tv) October 12, 2022
А беа објавени и видеа на кои наводно се гледа како се подготвува нападот.
ФСБ објави дека, заедно со Истражниот комитет на Руската Федерација, е утврдено дека организатор на терористичкиот напад на мостот на Крим бил главниот разузнавачки оддел на Министерството за одбрана на Украина, неговиот шеф Кирил Буданов, вработени и агенти.
Како што наведоа, експлозивната направа била камуфлирана во ролни полиетиленски филм на 22 палети со вкупна тежина од над 22 тони, а на почетокот на август била испратена од пристаништето Одеса во бугарскиот град Русе.
Во карго превозот учествувале државјани на Украина, Грузија и еден државјанин на Ерменија.
Приведени се пет државјани на Русија, тројца државјани на Украина и на Ерменија, кои учествувале во подготовката на делото.
ФСБ тврди дека експлозивите што предизвикале уривање на дел од мостот биле испратени од Одеса преку Бугарија, Грузија и Ерменија.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.