Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, објави дека денешните ракетни напади врз Киев се дел од она што Москва го нарекува „специјална воена операција“, пренесува РИА Новости.
Песков одговори и на новинарското прашање дали ракетните напади на украинска територија се извршени по наредба на рускиот претседател Владимир Путин.
Главните точки на специјалната воена операција не можат да се изведат без извештај до врховниот командант, ова е апсолутно нормален процес, рече Песков.
Украинските власти денеска објавија дека Русија извршила ракетни напади врз голем број украински градови, а според податоците на киевската полиција, идентификувани се пет жртви на нападот, додека 12 се ранети, пренесе Ројтерс.
Неколку украински градови денеска останаа без струја и вода, откако десетици руски проектили беа истрелани врз градови низ земјата.
Ракетниот истрел на Запад се сметаше за одмазднички напад за експлозијата на мостот на Крим што ја поврзува Русија со полуостровот анектиран од Москва во 2014 година.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.