Борељ: Длабоко сум потресен од нападите на Русија врз цивилите

Сподели со своите пријатели

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел изјави денеска дека е длабоко потресен од рускиот напад врз цивили и градови во Украина и најостро го осуди потегот на Русија.

Loading...

– Длабоко сум тажен поради руските напади врз цивилите во Киев и другите градови во Украина. Ваквите дела немаат место во 21 век. Ние стоиме на страна на Украина. Дополнителна воена поддршка од ЕУ е на пат, напиша Борељ во објава на социјалната мрежа Твитер.

Украинските власти денеска соопштија дека Русија извршила ракетни напади врз бројни украински градови, а според киевската полиција, идентификувани се пет жртви на нападот, а 12 се ранети.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дали ќе го поддржат неговиот мировен план? Зеленски во Вашингтон ќе се сретне со Трамп и Харис

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.